Со многу радост најмладите, дечињата, од детската градинка Рада Поцева во Кавадарци од сите објекти, денеска ја дочекаа пролетта, а го најавија и утрешниот ден на розите.
На градскиот плоштад тие беа цветови кои симболично го претставија највеселото и најцветно годишно време-пролетта. Со своите воспитувачки, дечињата подготвиле прекрасни кореографии на познати светски хитови но и детски песнички. Со нивната игра донесоа многу радост на првиот пролетен ден.
Пред почетокот на забавата, една група од дечињата беше во посета на градоначалникот Александар Панов и му подарија букет рози, му отпеаја песничка за пролетта, а кажаа како тие, нашата иднина, се грижи за екологијата, за возврат добија сладок подарок.
А.Д
Додади коментар