Најмладите го најавија доаѓањето на пролетта
20-03-2015 РЕГИОН

 Со дефиле низ градскиот плоштад, со песна со стухотворби и маски на себе најмладите од детската градинка Рада Поцева денеска и кажаа добредојде на пролетта и го одбележаа денот на екологијата. Нај различни пеперутки, буба мари, цветови во сите бои, пчелки, мравки се радуваат на 21 ви март.

 

Ова е настан кој градинката го одбележува традиционално, но и во рамки со еко програмата на која работи интнзивно со цел од најмала возраст да се подигне свеста и одговорноста за жиста и здрава животна средина.

 

Од градскиот плоштад дечињата од четирите работни објекти на детската градинка Рада Поцева се упатија кон паркчето наспроти полицијата. Таму за момент му се израдуваа на сонцето и повикаа конечно да пристигне пролетта и сончевите зраци .

 

Ја сакаме пролетта велат дечињата, таа ни дозволува надвор да ги играме нашите омилени игри. Пред враќање во градинка дечињата се почестија со благо, но со фрлање на хартијата во кантите за отпадоци уште еднаш порачаа чувајте ја животната средина.

М.Младенова



Share

Додади коментар