Најмалите се најподложни на сезонските алергии
20-05-2013 РЕГИОН

Околу осум нови пациенти со пролетни алергии се јавуваат секој ден во Тиквешките приватни амбуланти,  а најризични се децата на возраст од четири до десет години – велат лекарите од повеќето здравствени ординации.

-          Најмалку седум пациенти со алергија примаме во еден ден. Најчести се децата и учениците кои воедно се и најподложни на поленовите мириси –од Здравствениот дом Жана – Неготино.

Од итната помош, пак, велат дека поретко имаат пациенти со влошена алергиска состојба.

-          Годинава не сме се соочиле со ризични случаи. Имавме само една пациентка кај која мирисот на искосена трева предизвикал поголемо црвенило и отоци по телото. Лани имавме многу повеќе пациенти кои се жалеа од поленот, велат од ИМП – Неготино.

Според лекарите, алергиите можат да исчезнат доколку пациентот редовно ја следи терапијата која му ја препорачал докторот. Исто така ти можат и да се појават кај повозрасни, доколку имаат генетски предиспозиции.

Елена Данова 



Share

Додади коментар