Партиската дискриминација е нај доминантна во земјава, а по неа следи дискриминацијата по етничка припадност. Ова меѓу другото беше истакнато на денешната дебата околу националната стратегија за концептот едно општество во Кавадарци. Стратегијата беше претставена пред претставници на граѓанскиот сектор.
Целта на стратегијата е преку дијалог да се создаде општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднаков. Овој документ нуди и насоки за напуштање на поделбите по политичка припадност на наши и ваши.
За концептот еднакво општество за сите дебатираа државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски, Александар Кржаловски од МЦМС и Љупчо Бубо Каров – медиумски работник.
Сите беа едногласни дека мора да се напуштат стереотипите, секој да даде свој придонес во јакнење на праведно и општество каде нема да има дискриминација по било кој основ.
„Со реформата во социјалната сфера се дава поддршка на секое дете, но и на постарите. Социјалната правда е основата на секое здраво општество“ нагласи државниот секратар во МТСП.
А.Д
Додади коментар