Натпревар за најдобри вина и ракии во Неготино
13-02-2017 РЕГИОН

Вчера во рамките на празнувањето на празникот Свети Трифун во општина Неготино во периодот од 10.00-12.00 часот во ресторанот Чардак  се одржа организирана дегустација односно натпревар за вино и ракија на индивидуалните производители во општина Неготино. Професионални енолози од Скопје, Неготино и Кавадарци оценуваа 30 примероци на црно вино , 18 примероци на бело вино и 14 примероци на ракија. За самиот натпревар говореше градоначалникот Ванчо Апостолов.

 

 За квалитетот на вината и за масовноста најкомпетентни нормално беа судиите односно енолозите.

 

Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите на истите ке се случи утре, вторник во рамките на централната прослава на Св. Трифун на градскиот плоштад во Неготино.

 

Програмата за самиот празник на 14 февруари (Вторник) е следна :од 10.00 - 10.30 предвиден е прием на гостите во општина Неготино од 10.30 - 12.00 ке се одржи фолклорно дефиле и фолклорно-културни изведби на бината на градскиот плоштад, од 12.00 - 12.45 ке се случи ритуалот на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии. За на крај од 12.45 - 17.00 предвидена е централната прослава „Св.Трифун 2017“ со културно - уметничка програма и со учество на локални естрадни уметници и групи и посета на промотивни штандови со вино и храна.

 

М.В



Share

Додади коментар