Изградбата на новиот објект на детската градинка „Рада Поцева“ се реализира според планот. На локацијата на ул. „Ресавска“, ангажираната оператива деновиве работи на ѕидање на просториите од приземјето - информираат од локалната самоуправа.
Во наредните денови ќе започне и поставувањето на електричната инсталација, како и поставување на водоводната и канализационата мрежа во објектот. Набргу потоа според динамиката на градба ќе следи и поставување на покривната конструкција.
Изградбата на овој капитален проект ќе биде долгорочно решение на проблемот со недостиг на слободни места за прифаќање на децата од предучилишна возраст во градинката „Рада Поцева“.
Со досегашните превземени активности на општината во доградба и проширување на постојните објекти, како и адаптирање на простор во селата за детски градинки, Општина Кавадарци, не само што ќе го надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на деца во градинката, туки и ќе премине во водечка општина во земјата со оптимално решение на значаен и горлив социјален проблем. Овој проект е целосно финансиран од Министерство за труд и социјална политика.
Додади коментар