Се прошируваат просториите на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци. Таму интензивно се работи на изградба на концертна сала, но и на други кабинети за подобро изведување на наставата. Градежните работи отпочна во летните месеци минатата година. Денеска претставници на УСАИД кои се дел од финансиерите на овој проект извршија увид во градежните работи, а имаа средба и со градоначалникот Александар Панов.
Панов е задоволен од тоа што во музичкото училиште се создаваат современи услови за настава, а воедно вели, се зголемува и просторниот капацитет на училиштето, со што би можело непречено да се конкурира за истото да прерасне во средно музичко училиште.
Небојша Мојсовски, раководител на проект во УСАИД во изјавата за меидумите нагласи дека и во наредниот период ќе соработуваат со општина Кавадарци и за други проекти, а ќе се работи и на доопремување на концертната сала на музичкото училиште.
Директорот на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, Златко Јованов е задоволен од проширувањето на просториите на училиштето и од можноста да имаат своја концертна сала.
Во наредниот период, по изградбата на новите простории останува да се конкурира училиштето од основно да прерасне во средно.
А.Д
Додади коментар