Напредува изградбата на кејот во Ваташа
28-03-2019 РЕГИОН
Четвртата фаза од изградбата на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“ се одвива непречени и според планот. Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци паралелно работи на земјаните работи како и бетонирањето на минорното корито на реката низ селото Ваташа.
Според динамиката деновиве интензивни работи се изведуваат на локацијата наспроти училиштето и болницата во Ваташа.
Согласно проектот треба да се изградат 770 должни метри нов кеј на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат - информираат од локалната самоуправа.
За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

Додади коментар