На барање на жителите од Возарци општината реализира проект за изградба на детска градинка.
Градбата е во поодмината фаза во која се работи на новата термо фасада, поставена е нова ПВЦ столарија, обновена електро инсталација, како и звучна и термо изолација на таванот.
Станува збор за преадаптација на поранешната амбуланта, која сега со реконструкцијата ќе функционира двонаменски. Во делот за градинка ќе има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца.
На површина од осумдесеттина квадратни метри ќе има: занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. додека преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.
Со овој проект општината обезбедува подобри услови за граѓаните во делот на предшколската возраст како и во примарното здравство. А проектот во оваа урбана средина ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандард за живеење.
Додади коментар