Напредува доградбата на кејот на „Луда Мара“
22-01-2021 РЕГИОН
Деновиве продолжува изградбата на последната делницата од кејот на реката Луда Мара во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје работи на шалување и бетонирање на заштитниот ѕид на дел од страна на пешачката патека. Паралелно се работи и на левиот брег каде се порамнува земјата и се подготвува за поставување на бехатон коцки - информираат од локалната самоуправа. 
 
 
 
По целосната изградба на патеките на двата брега, во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема.
Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.
 
 
Урбанизираниот кеј ќе се протегаод ул.„Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај булеварот „Видое Смилевски“ на север.
 
 
Со реализацијата на петтата фаза од изградбата на кејот-шеталиште, општината Кавадарци ќе регулира и урбанизира три километри од коритото на реката Луда Мара.
 
 


Share

Додади коментар