Центарот за вработување од Неготино излезе во јавноста со компаративни податоци за состојбата со вработување во општината. Информираа дека во 2006 година имале евидентирано 4721 невработен, а годинава тој број бил намален на 1089 невработени лица.
За 10 години невработеноста во Неготино била намалена за 59 отсто.
„Ако заклучно со 31.08. 2006 година во општина Неготино биле евидентирани 4.721 невработено лице, во моментов во Центарот за вработување-Неготино се евидентирани само 1.087 невработени лица. Тоа се должи на поволната клима за отворање на нови работни места, како во домашните, така и во странските компании. Имено, за поттикнување на деловните субјекти за отворање нови работни места преку проектот „Македонија вработува 1“ во 2015 година 157 деловни субјекти поднеле барање за ослободување од придонеси, а вработени се вкупно 230 лица од општината. Поради позитивните ефекти, се продолжи и со проектот „Македонија вработува 2“ при што од почетокот до денес се вработени нови 23 лица, со напомена дека проектот е во тек и е отворен за сите работодавачи и невработени лица“ информираат од неготинскиот центар за вработување.
Додаваат дека ефекти за намалување на невработените давале и активните мерки чија примена е започната од 2007 година. Како најуспешни мерки се сметаат програмата за самовработување и самовработување со кредитирање, обука кај познат работодавач. Потсетуваат и на бесплатните обуки за странски јазици, како и обуките за основни и напредни познавања на компјутерски вештини.
Ангел Данов
Додади коментар