НАД 3 ИЛАЈДИ ВЕЛЕШАНИ СЕУШТЕ НЕ АПЛИЦИРАЛЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ЗДРАВСТВЕНА КАРТИЧКА.. ОД ПОДРАЧНАТА СЛУЖБА НА ФОНДОТ АПЕЛИРААТ ОВИЕ ОСИГУРЕНИЦИ ДА ПОБАРААТ ИЗРАБОТКА НА ЛЕГИТИМАЦИЈА.. ДОКОЛКУ АПЛИЦИРААТ ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ, ЗДРАВСТВЕНАТА КАРТИЧКА ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ ЕДЕН МЕСЕЦ ПОДОЦНА..
ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ВЕЛАТ ДЕКА ЛУЃЕТО КОИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ЕЛЕКТРОНСКА ЛЕГИТИМАЦИЈА, ВО ИДНИНА НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГИ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ..
ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД, ЕЛЕКТРОНСКА ЗДРАВСТВЕНА КАРТИЧКА ЌЕ ДОБИЈАТ НАД 20 ИЛЈАДИ ВЕЛЕШАНИ.. ВО ПОДРАЧНАТА СЛУЖБА НА ФОНДОТ ПРИСТИГНАА КАРТИЦИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ФИРМИ ВО КОИ ИМА ПОГОЛЕМ БРОЈ ВРАБОТЕНИ.. ОСИГУРЕНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШИ КЛАСИФИКАЦИЈАТА, ВЕЛИ МАРКОВСКИ..
ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ КАРТИЧКИ ВЕЌЕ СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ.. ЗАСЕГА СЕ КОРИСТАТ САМО КАКО ЗАМЕНА ЗА СИНИТЕ КАРТОНИ.. ВО ИДНИНА Е ПРЕДВИДЕНО ТАА ДА ЈА ЗАМЕНИ И ХАРТИЕНАТА ЛЕГИТИМАЦИЈА.
З.Јаневски
Додади коментар