Уште една успешна доброволна крводарителска акција останува запишана во извештајот на кавадаречкиот црвен крст, иснтитутот за трансфузиона медицина, но и во календарот на активности на навивачката група Лозари Исток Кавадарци. Тие се оптимисти кој хуманоста полека но сигурно ја преточија во организирање на традиционална крводарителска акција што денеска се реализираше по трети пат во чест на роденденот на подгрупата Ултра Кру која слави четири години постоење, дознаваме од Александар Златев дел од Лозари Исток.
Примерот на овие млади добро е да го следат и останатите здруженија, групи, граѓани советува доктор Тања Неткова од трансфузија.На само еден час од старот на акцијата Неткова со позитивно гледање кон истата.
Честитки за упорноста на Лозари Исток и иницијативата која не замре туку напротив успешно ја продолжува хуманоста. За ултра кру среќен роденден.За доброволните крводарители пак благодарници од Лозари за покажаната хуманост денеска.

Додади коментар