На првиот работен ден новиот градоначалник на Кавадарци започна повеќе проекти
06-11-2017 РЕГИОН

 

По чистењето од боите на фасадата на општинската зграда во саботата, официјанло првиот работен ден на новиот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев започна со низа активности.

 

Како што информираа од прес службата при локалната самоуправа, денеска се започна со чистење на коритотот на реката Луда Мара. Екипи на ЈП Комуналец биле активирани и на расчистување на дивите депонии во околината на градот.

 

Во утринските часови екипи на Комуналец биле ангажирани и на перење на градските улици.

 

Од кабинетот на градоначалникот најавуваат дека редовно ќе се работи на расчистување на улиците.

 

A.Д

 



Share

Додади коментар