Како врв на еднонеделното одбележување на манифестацијата „Недела на децата“, денеска во клонот „Мајски цвет“ при детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино дечињата и нивните воспитувачи со работна активност го одбележаа завршувањето на Детската недела.
Нивен гостин, а паралелно и активен учесник во творењето, беше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој и самиот даде придонес во оформувањето на големиот грозд- симболот на општината.
Градоначалникот, директорката Весна Нацева, вработените во градинката и над 150 деца кои овде престојуваат распоредени по групи правеа гроздови од стари весници, кои потоа беа трансформирани во еден огромен грозд на задоволство на сите кои дадоа придонес во неговото создавање.
Упатувајќи честитки по повод Детската недела, градоначалникот Апостолов за потребите на градинката за набавка на играчки и други потребни материјали, од име на општина Неготино донираше вредносен ваучер од 30.000 денари- гест кои наиде на одушевување и кај вработените и кај дечињата од градинката.
M.Aлексовска
Додади коментар