На денешен ден 1790 година е роден македонскиот учител, просветител и преродбеник Даскал Камче Наков Колев Попангелов, потсетува директорот на Музеј Галерија Каваадарци, Петре Камчевски. Даскал Камле е роден во с. Корешница, меѓутоа во 1800 година неговиот татко со семејството се преселува во селото Ваташа.
Тој се образувал самоуко, бидејќи имал голем афинитет кон пишаниот збор и образованието. Во 1830 го отворил првото световно училиште во Тиквешијата во селото Ваташа. Додека престојувал на Св Гора го напишал “Краток опис на дваесетте Светогорски манастири“. Со подршка на богатиот кавадаречки трговец Јовко Марков во 1838 година ја отворил првата печатница во Македонија. Се претпоставува , вели Петре Камчевски дека во ваташката печатница на Даскал Камче била отпечатена “Таблица перваја“ на Јордан Хаџи Константинов Џинот, како и книгата “Служение еврејско“. Даскал Камче починал во 1855 година.
Додади коментар