Велосипедскиот караван "Трка околу Македонија 2014" – под мотото "Кон иднината по стапките на традицијата" што го организира Агенцијата за млади и спорт и Велосипедската федерација на Македонија синоќа пристигна и во Кавадарци. Синоќа велосипедистите преноќија во Кавадарци, а денеска тие заедно со претставниците на велосипедската федерација, пред да го продолжат патувањето, беа примени од градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
- Градот Кавадарци ја имаа таа чест велосипидистите кои организирано тргнаа од Крушево и имаат за цел да завшрат во Пелинце, да поминат и во Кавадарци. Денес е втор ден од рутата и вчера одморија во Кавадарци, се надевам дека бевме добри домаќини. Разговаравме за возобновување на Ваташкиот меморијал. Јавно давам подршка, останува да се средат фомралностите и следната година во овој период или во спетември да го вклоиме и меморијалот – рече градоначалникот Панов.
Оваа година трката е посветена на Сто и eдинаесет години Илинден и седумдесетгодишнината од Првото заседание на АСНОМ.
“Велосипедската федерација има чест да биде вклучена во прославата на илинден. Маршутата се одвива во три етапи. Првиот ден возевме Крушево -Битола –Прилеп - Кавадарци. Вториот ден Кавадарци-Неготино-Велес-Штип-Пробиштип. И третата ден Пробиштип - Кратово со присуство на прославата во Пелинце. Симболично сакаме да ги поврзиме двата илиндена, тоа е и симболиката на нашиот караван. Имаме репрезентативци кои повеќе години се актуелни и Велосипедската федерација најде одлична можност за промоција на една своја развојна програма за велосипедисти под 15 години. За повозрасните ова е рутинска работа, а за помалите посериозне напор, но тука се повозрасните да помогнат. Имаме за цел да го популаризираме велосипедизмот во Македонија и што повеќе млади луѓе да ги интересираме за овој добар спорт“ рече секретарот на Велосипедскиот сојуз на Македонија, Сашо Ванчевски.
Сериозна е намерата за возобновување на велосипедската трка „Ваташки меморијал“ и од локалната самоуправа и од Велосипедската федерација. Според денеска кажаното, извесно е дека следната година ова мошне позната велосипедска трка во поранешна Југославија повторно ќе биде актуелна. Целосна подршка за возобновување покрај градоначалникот Панов, денеска даде и секретарот на Велосипедскиот сојуз.
„ Ваташкиот меморијал ни е на сите повозрасни во добри сеќавања. Тоа беше една од најпрестижните трки во минатата држава која ја имавме. Најголемите шампиони од овие простори учествувале на таа трка. Сеќавањата будат и емоции. Сите ќе се заложиме и давам збор дека Велосипедската федерација ќе испадне во пресрет на органзиирање и возобновуање на трката која имаше 37 изданија“ рече Ванчевски.
Велосипедистите учесници во годинашниот караван пред камера кажаа дека се задоволни што ќе ја поминат со велосипед Македонија во чест на двата илиндена.
„Овие два дена сме на велосипед. Кавадарци беше велосипедски град, се надевам дека тоа ќе биде така и во иднина. Ако се возобнови ваташки мемроијал ќе биде голема чест да да возам на тој меморијал “ рече Стефан Петровски национален шампион во велосипедизам.
Велосипедската Федерација на Македонија овој настан го реализира со своите членки МВК Велес од Велес, ВК Вело-М од Куманово, ВК Спид Бајк од Кичево, ВК Илинден од Прилеп. Трката се одржува во три етапи со една полу етапа, во три града домаќини и седум града каде ќе помине караванот.
Aнгел Данов
Додади коментар