МТСП: До крајот на годината ќе бидат отворени 10 сервиси за жртви од родово базирано насилство

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го посети новиот Центар за жртви на семејно насилство во Велес.

 

„До крајот на годината ќе имаме вкупно 10 специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на територијата на РСМ, Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Кавадарци, Битола Прилеп и овој во Велес. Наш приоритет е да обезбедиме заштита и поддршка за секоја жена и девојка. Паралелно работиме и на превенција, бидејќи наша крајна цел е трајно да ги искорениме овие појави од општеството“, истакна Царовска.

 

Владата на РСМ го усвои Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција за период 2018-2023. Во неговата изработка беа вклучени релевантни институции, граѓанскиот сектор, претставници од законодавниот дом и судии. Со цел усвојување на единствена правна рамка што ги уредува сите форми на родово базирано насилство се изготвува нов Предлогзакон, кој ќе ги опфати сите форми на родово базирано насилство. 

 

За оваа година имавме издвоено  двојно повеќе средства, односно 6 милиони и 400 илјади денари за имплементација на Конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство. До крајот на годината е предвидено отворање на кризни центри за жртви на семејно насилство во Прилеп и Штип. Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување.

 

Исто така, со Законот за социјална заштита, освен што се унапредуваат социјалните права и трансфери кон граѓаните, се дава основа за плурализација или развој на социјалната заштита. Ова се постигнува преку пренесување на услугите на локално ниво и вклучување на социјални партнери, како здруженија на граѓани или приватни компании коишто можат да нудат услуги во име на државата.



Share

Додади коментар