МОН: Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација

Министерствотозаобразование и  наука, информира дека течат тестирањата, на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава.

 

Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици.  Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови.

 

Исто така, Министерството за образование и наука информира дека во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата. 



Share

Додади коментар