Општина Кавадарци ја информира јавноста дека: После извршениот увуд на оштетувањата на објектот „Модуларен паркинг“, од страна на изведувачот, констатирани се оштетувања кои не ја нарушуваат статичката стабилност на објектот, но влијаат врз долготрајноста на користењето на објектот.
Во функција на враќање на првобитната состојба, при обиколката е направена и спецификација на деловите што недостасуваат, а кои неодамна беа предмет на кражба. Откако општината истите ќе ги набави, тие ќе бидат вградени во модуларниот паркинг на местата од каде беа украдени.
Општината апелира до возачите кои го користат паркингот строго да се придржуваат на пропишаните сообраќајни знаци особено во однос на дозволената тежина и висина на возилата во услови на нормално функционирање на гаражата.
Општината уште денаш апелира доколку граѓаните забележат и било какви сомнителни дејствија врз објектот за истите да ја информираат опшината и надлежниот полициски орган. Објектотот Модуларен паркинг повторно е ставен во нормална употреба.
Додади коментар