Мнозинството одлучи: Кавадарчани на референдум дали се за мигранти
30-08-2017 РЕГИОН

 

Иако владата и министерството за труд и социјална политика во повеќе наврати најостро ја демантираа информацијата дека ќе се градат станови за мигрантите, сепак на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кавадаречкиот совет расправаше дали постои или не опасност мигранти да се населат во Кавадарци. Со 8 гласа „За“ се донесе одлука кавадарчани да излезат на референдум и да се изјаснат дали сакаат евентуално некогаш да се населат бегалци.

 

Советниците од СДСМ бараа правна основа за оваа точка, но не добија толкување од правната комисија по што расправата започна. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со подршка и на седумстотини потписи од граѓанската иницијатива „Будење“ бара да се спроведе референдум на кој граѓаните ќе одговорат на прашањето „Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Кавадарци.

Опозицијата во советот смета дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести со кои сака да шири паника кај граѓаните.

 

Советникот Белевски го презентира дописот од поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски со кој бара од една општина градежна парцела за изградба на станови за мигранти.

 

„Дали ние треба да разговараме за теми кои не постојат, за измислени теми. ВМРО ќе измисле лага, потоа ја пласира во етерот па сами си веруваат во истата. Сите надлежни институции јасно и гласно кажаа дека нема никакви станови за бегалци“ рече советникот Бањански.

 

Советникот Горан Белевски бараше од претседателката на советот да ја прочита точката на дневен ред за што се расправа, дали е одлука, програма, заклучок, нешто за што се надлежни да расправаат советниците и да достават барем еден документ со кој се бара од општина Кавадарци да се отстапи простор за изградба на станови за мигранти.

 

„Македонија има лошо искуство со бегалците од 2001 година. Тоа негативно влијаеше на македонската економија и затоа и лично сум против мигранти да се населуваат во Кавадарци. Секој што ќе донесе таква негативна одлука никогаш аир да не види“ рече градоначалникот Панов.

 

Советникот Ташо Радњански констатира дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ со оваа точка од дневен ред водат политичи маркетинг во пресрет на локалните избори. До затворањето на вестите седницата на советот по оваа точка сеуште траеше. Се редеа реплики меѓу советниците од опозицијата и градоначалникот.

 

На денешната седница едногласно беше донесена одлука за зголемување на бројот на деца во воспитните групи во детската градинка Рада Поцева и се продолжи работното време на угостителските објекти за два часа за време одржување на стопанско туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Беа прифатени и измени и дополнувања на програмата за градежно земјиште и за урбанистички планови.



Share

Додади коментар