Членовите на клубот на млади при Општинската Организација на Црвен Крст и годинава се подготвуваат интензивно за одбележување на 16-ти Октомври денот на гладта.
„Борбата продолжува и понатаму. Гладни има многу ширум светот, целта на нашата акција е барем на одреден број во Кавадарци им помогнеме минимално. Не можеме ние да го решиме проблемот, но можеме со овој потег да внесеме насмевка кај оваа категорија , која би почувствувала дека ете сепак има некој што мисли на нив, ни рекоа активистите од клубот на млади.Ваквата акција црвениот крст на Кавадарци ја реализира веќе неколку години наназад и истата покажува дека нашиот град ја има хуманоста во своите граѓани.“ велат од Црвен Крст.
Преку вредносните бонови од 20 денари и овој пат младите од граѓаните на Кавадарци ќе ја бараат хуманоста или милоста за гладните.Посебни хуманитарни пликови изработени се за фирмите кој на свој начин и со свој финансиски удел ќе сакаат да учествуваат во кампањата. Слободните граѓани оние кои деновиве нема да бидат пресретнати од младите кој ќе бидат активни низ градот ќе можат донирајќи 100 денари на 143 400 повикан на трите оператори да ја покажат својата хуманост. Резултатите Црвен Крст ќе ги сумира по 16 ти октомври. Во акцијата вклучени се и повеќе фирми од градот. Ќе се подготвуваат пакети со прехранбени производи кој ќе бидат доделени на семејства по список доставен од Центарот за социјални работи.
М.М
Додади коментар