Млади од Кавадарци и од Ниш деновиве се обучуваат како да го запрат говорот на омраза. Во Кавадарци се одржува тренинг работилница на која учествуваат млади луѓе од двата града. Нивната цел е да го дадат својот придонес во глобалната борба притив говорот на омраза кој што секојдневно се шири и преку обука да се оспособат што повеќе борци кои ќе застанат на патот против говорот на омраза.
„Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци од 30 јуни до 4 јули спроведува тренинг курс за борба против говорот на омраза. Работиме заедно со Ком 018 од Ниш Србија. Овој тренинг во Кавадарци е за врсничка едукација, а во Србија во борбатра против говорот на омраза се работи преку креативни методи. ВО Македонија се спроведува вториот дел од овој проект. Првиот дел се реализираше минатата година и опфати преку 300 млади од Кавадарци, Ниш и Турција. Ова година го проширивме бројот на учесници. Ќе бидат опфатени и младите на Росоман и Неготино како и младите од околината на Ниш. Целта е да се опфатат што поголем број на млади и тие да станат борци против говорот на омраза.“ рече Ѓоко Нанчев од СППМД Кавадарци.
Нанчев нагласи дека овој прокт го финансира Советот на Европа, бидејќи во Европа главна точка е борбата проитив говорот на омраза.
„Оваа програма Хејт фајтерс има за цел да им се доближи на младите. Говор на омраза нема само на интернет. Го има насекаде. Во секојдневниот живот насекаде слушаме говор на омраза. Во кафуле ако слушнеш, излегува и се заборава веднаш, но на фејсбук и на твитер останува постот кој содржи говор на омраза. Сега се обучуваат младите како да се пријави говорт на омраза кој е поставен на интернет“ објаснува Нанчев.
Тој информира дека веќе е формирана и фејсбук група каде се активни борците против говорот на омраза. Тие се обучени млади. Нанчев појаснува дека кога говорот на омраза поставен на интернет кога ќе го пријави поголема група на млади луѓе има поголемна вредност и истиот може да се санкционира.
Активни борци против говорот на омраза се и младите од Ниш. Таму тие се обучуваат преку работилниците кои ги организира невладината „Ком 018“. Во Ниш младите се обучувале преку креативни работилници.
„Ком018 втора година година ја спроведува ова Хејт фајтерс програма. Самите млади ја формираа целата програма како да се борат против говорот на омраза преку креативни методи музика, играње, фотографии и низ онлајн активизам. Спроведуваме два пилот проекта. Овде во Македонија фокусот е на врсничката едукација, во Србија фокусот е на креативни методи. Паралелено се работи и во Ниш и во Кавадарци. “ рече Сања Тошиќ од „КОМ 018“.
Петра Нешиќ е млада девојка од Ниш која учествува на овој тренинг. Таа е борец против говорот на омраза нагласува дека ваквите работилници придонесуваат да се научи нешто ново, за поефикасно да се делува во борбата против говорот на омраза.
„Говор на омраза станува секојневие. Се бориме да го спречиме тоа. Тоа не е дрво или куќа да кажеме каде точно го има. Сите сме луѓе. Неможе да кажеме кој повеќе користи говор на омраза. Под 14 години се само деца и природно им е да бидат добри. Но потоа со проблемите во животот се појавува и говорот на омраза. Се обидуваме да го спречиме. Ни треба помош од сите“ рече Никола Богевски, борец против говорот на омраза од Кавадарци кој е вклучен во тренинг курсот.
Aнгел Данов

Додади коментар