Младата кавадарчанка Митрева е ново освежување на македонската музичка сцена
14-10-2021 РЕГИОН

Oсумнаесет  годишната Мирјана Митрева од Кавадарци е вистинско освежување на македонската музичка сцена.

 

Учи во Средното музичко училиште во Битола, свири пијано и гитара, а има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со огромни успеси и награди.

 

Својот музички и вокален талент го пресликува во нејзината прва песна „Вистина“.

 

Музиката и аранжманот на песната се дело на Драган Илиев, стиховите ги напиша Борче  Димитров а Микс и мастер направи Горан Гешовски.

 

Наскоро нејзиното првенче на музичката сцена ќе добие и свој видео запис, а нејзините планови се во блиска иднина да излезе со нови музички дела кои ќе бидат сигурни хитови, а Мирјана да си го најде своето место на македонското музичко небо.

 

Уживајте слушајќи го овој есенски хит и откријте ја „Вистината“ во нејзината песна.

 



Share

Додади коментар