Мицкоски: 100 дена Влада на постојани загуби

„Заслуга на Владата е на првото место за криминал во Европа. Зачудувачки и запрепастувачки криминал. И не мора јас да ви кажувам колку се лоши овие 100 дена. Секој од вас нека си го постави прашањето кој проект или мерка изградија и завршија Зоран Заев со која направи вие да живеете подобро. Одговорот е јасен, нема такви.
Гледам дека им пречи што критикуваме во првите 100 дена. Велат немаме мирни 100 дена. Но треба да се знае дека ова не е нова Влада. Туку Заев ни одзема речиси четири години од нашите животи со најлошите 100 дена. А, од сите нас, од сите вас зависи колку ќе му дадеме можност да продолжиме да губиме“ рече на денешната прес конференција лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар