Мирно за новогодишната ноќ во Кавадарци
02-01-2014 РЕГИОН

Мирно и во празнична атмосфера помина највеселата ноќ во Кавадарци. На плоштад, во домашен амбиент и низ рестораните кавадарчани ја дочекаа новата 2014 година. За разлика од минатите години, овој пат имавме новогодишна прослава со значително мал број помали инциденти велат надлежните служби. Началникот на службата за Итна медицинска помош доктор Антоан Паракеов за ктв потврдува дека имавме новогодишна прослава со најмалку интервенции.Почнувајќи од 31 наутро па се до 1 ви јануари брзата помош во својот билтен регистрира еден пред новогошишен случај на пијанство кој бил испратен на интервенција во Општа Болница Кавадарци и два случаи на 1 ви јануари од кој еден е упатен до Општа Болница, а еден е задржан во службата за итна медицинска помош, информира Паракеов. Неговата оценка е новогодишна прослава заокружена со интервенција во три случаи на акутно пијанство и главно мирно помината ноќ за итната медицинска служба.Дознаваме дека директно од Општа Болница интервенција побарале три алкохолизирани лица од Кавадарци и петмина алкохолизирани од Неготино.

Инаку освен во случај на акутно пијанство брзата помош во Кавадарци интервенирала и во два случаи со лесни телесни повреди од тепачка, случаи со висок крвен притисок и моментно актуелниот стомачен вирус дознаваме од началникот доктор Антоан Паракеов. Дека превенцијата, укажувањата и предупредувањата го даваат својот придонес и резултат, потврдува наш извор од  Полициска Станица Кавадарци .Истиот за ктв потврдува дека во Кавадарци и Росоман релативно мирно поминала новогидишната ноќ, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, сообраќајни незгоди и без загрозени животи или потешки последици. Ако се има во предвид дека станува збор за најлудата и највеселата ноќ, кога се пие многу алкохол, се пукаат петарди, друга пиротехника па и огнено оружје, изолираните 1-2 случаи се незначителни, бидејќи во секојдневието и викендите се случуваат поголеми нестани со незгоди,  сепак е Нова Година .Браво за сите граѓани и нивното достоинствено однесување вели нашиот полициски извор.

М.М



Share

Додади коментар