Дочекот на Новата година во Кавадарци помина мирно и без значителни инциденти, вака вели извештајот на ПС од ОН Кавадарци која нагалсува дека годинава прославата по повод најлудата ноќ во годината се вбројува во една од досега најмирните новогодишни прослави. Нашиот полициски извор вели дека кавадаречката Полиција годинава статистиката ја започнува без сообраќајни незгоди и со два незначителни инциденти.Имено се работи за два случаи на физички напад.
Дознаваме првиот е регистриран на 1 ви јануари околу 5 часот наутро помеѓу малолетници, каде причина за тепачката е физички напад предизвикан исто од малолетник.Вториот случај е регистриран синоќа во 1 часот по полноќ или веќе 2 ри јануари по пријава од страна на еден угостителски објект во Кавадарци.Истиот не дозволил влегување на алкохолизирано лице кое извесно време не пристојно се однесувало пред локалот. Полицијата реагираше по пријавата, но и пред полициските службеници, продолжи непристојното однесување на алкохолизираното лице, по што истото беше приведено, вели нашиот извор, кој потврдува дека кај истото се измерени над 2 промили лкохол во крвта, а во станица ова лице било задржано во отрезнување. Ова се според нашите надлежности речиси незначителни инциденти без повреди, што ни дава за право да констатираме дека Кавадарци имаше мирен дочек на Новата година. Без инциденти дочекот помина и на градскиот плоштад, а прекршоци нема ниту во сообраќајот кој исто се одвиваше мирно и без незгоди, велат од кавадаречката Полиција, од каде додаваат дека на 192 немало ниту пријави од граѓани за нарушување на јавниот ред и мир. ПС од ОН Кавадарци судејќи по првиот ден од Новата година се надева и очекува мирна година, без поголеми инциденти и со намлен број сообраќајни незгоди.
M.Mладенова
Додади коментар