Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на општина Неготино. Ја посети неготинската полиција, а имаше средба и со градоначалникот Тони Делков.
„ Имавме плодна дискусија. Разговаравме на повеќе теми, го запознав за моменталната состојба во општина Неготино, како за претходното работење, така и за моменталните работи кои се одвиваат. Потоа тековно разговаравме и во делот на безбедноста и нашата комуникација со ОВР Неготино. Заеднички поразговаравме и за проблемите кои ги имавме во делот на пожарникарската служба. Ние добивме уверување од министерот дека ќе се заложат и дека се во тек разговори за надминување на овие проблеми кои не се проблеми само во Неготино, ами ги има и во цела земја. Благодарен сум на министерот за неговата ажурност да биде поблиску како до институциите, така и во општините и да добие поточни информации за безбедноста на граѓаните и нивните потреби , информираше градоначалникот Делков.
Министерот Спасовски нагласи дека еден од концептите на МВР е директно на терен да се разговара со луѓето, вработените во МВР и локалната самоуправа.
„ Затоа што од исклучителна важност за безбедноста на граѓаните е да ја вратиме и да ја обновиме врската помеѓу граѓаните и македонската полиција, враќањето на довербата кај полицијата, на соработката и со тоа да допринесеме кон побезбедни градови, кон побезбедна држава, рече Спасовски и нагласи дека командирот на неготинската полиција го информирал дека безбедносната состојба во општина Неготино била поволна.
Спасовски изрази задоволство од тоа што има опаѓање на криминалитетот, а зголемување на ефикасноста во работењето на полицијата.
„Посебно потенциравме дека треба да се посвети внимание на работењето на полициските службеници и по односот на полицајците спрема граѓаните во Неготино. Како еден од клучните приоритети разговаравме за подобрување на условите за работа и генерално на статусот на полициските службеници. Како заклучок, имаме добра ситуација која што треба да продолжи и понатаму да се развива. Во делот со разговорите со градоначалникот ме информираше за состојбите, за соработката која што ја имаат со ПС во Неготино, за потребите на локалната самоуправа. Според тоа навистина задоволство, заради тоа што слушнав за многу проекти кои што се од интерес на граѓаните. Сакам да истакнам и како заменик претседател на Владата, дека ќе направиме се, овие проекти да ги помогнеме да ги реализираме. За граѓаните на Неготино да почувствуваат промени, подобрување на условите за живот во општината. Ние договоривме повеќе работи кои се однесуваат на взаемната соработка помеѓу полицијата и локалната самоуправа, очекувам дека во наредниот период ќе бидеме во постојана комуникација и координација за решавање на тие проблеми кои ги имаме. Се со цел да ги оставриме очекувањата на граѓаните“ рече Спасовски.
А.Д
Додади коментар