Министерот Спасов ја испрати првата група летувалци

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја испрати првата група деца кои ќе летуваат на сметка на државата.  Tриста и петнаесет деца од повеќе градови во земјава од денеска го започнуваат  бесплатниот  летен одмор во рамки на проектот на Владата на Република Македонија „Бесплатен летен одмор и рекреација за деца од семејства со социјален ризик и корисници на социјална помош“.

Спасов  во изјава за медиумите информираше дека седумдневниот одмор за овие дечиња ќе биде збогатен со различен вид на активности, културни, едукативни и спортски активности.

Како што информираше, вкупно 2.000 деца од семејства во социјален ризик и приматели на социјална помош летово ќе заминат на бесплатен летен одмор, а во текот на зимскиот период околу 1.000 дечиња ќе заминат на бесплатен зимски одмор



Share

Додади коментар