Министерот за земјоделство Димковски се сретна со претставници на здружението „Напредни лозари“
25-06-2020 РЕГИОН

Во пресрет на претстојната берба на винско грозје од годинашнава реколта,  лозарите ги испорачаа своите барања, кажаа дека нема да го берат грозјето доколку визбите ја срушат цената под ниво на ланската.

 

Денеска претставници на здружението „Напредни лозари“ од Кавадарци имаа состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на кој разговараа за претстојната берба и за рефлексиите на пазарот поради корона кризата.

А.Д

 



Share

Додади коментар