Министерката за култура во посета на Кавадарци
28-07-2015 РЕГИОН

Реализираната инвестиција во висина од 1,5 милиони денари со што се изврши набавка и монтажа на 260 нови седишта во салата на Домот на културата „Иван Мазлов Климе“ во Кавадарци, беше повод за денешната посета на министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

 

,, Оваа инвестиција чинеше околу милион и 500 илјади денари и овој значаен проект се реализираше благодарение на заложбите на министерството за култура и локалната самоуправа. Но ние не застануваме тука и понатаму ќе продолжиме со инвестиции. Домот доби и уште една нова кино сала со 3Д проекција, а се реши и греењето во салата. Преку министерството се обезбеди и техничка и светлосна опрема за домот како впрочем што направивме и во други културни институции во државата. Се уреди и галерискиот простор во кој се организираат голем број на меѓународни и домашни изложби“,Канческа-Милевска.

 

Градоначалникот Александар Панов рече дека  многу пати досега се имало слух за културните потреби на кавадарчани. Се поддржуваат проекти на домот на културата, музејот и градската библиотека.

„Сега можам слободно да кажам дека Кавадарци има три културни институции кои имаат европски лик. Следува инвестирање во сцената и зад сцената во домот на културата, повторно ќе обезбедиме по половина од потребните средства заедно со министерството“ рече Панов.

 

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар