Минерална вода за освежување и флаери за едукација
14-08-2014 РЕГИОН

Летото е период кога живата во термометарот знае да се искачи и над 40 степени целзиусови. Деновиве сме токму во таа алертна фаза кога Македонија минува низ тропски горештини, а надлежните постојано апелираат да не се излегува на отворено, да се внимава на храната и да се почитуваат препораките на лекарите.

 

Но во лето поради годишните одмори зачестени се и кражбите по домовите, особено кај оние кои често се надвор од дома и кај старите и изнемоштени лица. Во таа насока се одвиваше денеска на градскиот плошат и заедничката акција на ПС од ОН Кавадарци преку одделението за превенција и волонтерите  на општинскиот црвен крст. На случајни минувачи двете екипи им делеа едукативни флаери за заштита од кражби и едукативни флаери и минерална вода Изворска за заштита од топлотниот бран.Компанијата Кожувчанка целосно ја подржа оваа акција, а во име на организаторите говори инспекторот за превенција Димитар Каракулев.

 

На денешната акција низ градскиот плоштад во Кавадарци флаери и минерална вода добија голем број случајни минувачи.Не ретки беа и нашите иселеници кои летото го минуваат со престој во родниот крај и посета на туристичките места низ Македонија, па полициските службеници искористија можност особено на овие граѓани да им апелираат за поголема заштита на домот и почитување на препораките, скапите предмети и паричниот кеш да не се чува дома.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар