Минатата недела 106 нови заболени од грип
31-03-2015 РЕГИОН

Грипот продолжува да го губи интензитетот на ширење. Во тирнаесетата недела од сезоната во Кавадарци матичните лекари евидентирале само 106 нови забоелни од грип, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

„Бројката на нови пациенти со грип продолжува да опаѓа. Покачувањето на температурите ја стабилизра и состојбата во грип во Кавадарци, која годинава и не беше алармантна споредено со минатата сезона.  Заклучно со минатата недела, или тринаесетата недела од  оваа сезона имаме вкупно 1957  лица заболени  од грип, додека лани истиот период имавме  околу 3500  грипозни“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

И во новите заболени лицата на возраст од 15 до 64 години се најчестата возрасна група која е на удар на грипот, потоа се децата од 5 до 14 години.

А.Д



Share

Додади коментар