МЗ:Болничките капацитети за ковид пациенти се зголемени за 50 %
30-03-2021 МАКЕДОНИЈА

Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.

На состанокот се разговараше и за достапноста на болничката терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани, доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополнителни рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети.
Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи.

Додади коментар