МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат
07-07-2021 МАКЕДОНИЈА
Вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот во земјава, а со тоа де се спречи и евентуален нов силен бран на вирусот. По детектирањето на 7 пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат.Сите вакцини кои ги има кај нас се безбедни признаени од СЗО и националните институти на земјите што ги произведуваат. Секоја вакцина е ефикасна и штити од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход. Министерството за здравство апелира до граѓаните дека е важно да спрoведеме брза и ефиксна вакцинација, затоа упатуваме апел и повик до сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација или се двоумат, што побрзо да се вакцинираат.
Вакцините се безбедни, ефикасни и единствен начин да ја одржиме состојбата стабилна. Веќе од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде.











Додади коментар