МЗ: Вкупно се аплицирани 1.657.833 дози вакцини, а ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани во државата
16-11-2021 МАКЕДОНИЈА

57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина - информираат од Министерството за здравство.

Додади коментар