Вчера кавадаречкиот совет донесе одлука за воспоставување на меѓуопштинскиа соработка меѓу Кавадарци, Велес, Градско, Чашка и Росоман. Оваа соработка ќе обезбеди грижа за ранливи групи и лица со посебни потреби и ќе ја зајакне соработката во областа на социјална заштита на ова група во развојот на Вардарски плански регион.
Соработката ќе се остварува преку формирање на постојано работно тело, со по еден петставник од одделенијата за јавни дејности кои работат во областа на социјалната заштита во петте општини, по еден претставник од Центарот за развој на Вардарски плански регион м двајца претставници од бизнис асоцијации, еден претставник од Регионалната бизнис коморам двајца претставници од здруженијата на граѓани, еден претставник од фондација и еден претставник од образовните институции.
По потреба без право на одлучување во работата на постојаното заедничко работно тело може да се вклучат и претставници на национални и меѓународни организации како и други претставници од невладиниот и бизнис сектор на Вардарски плански регион.
За претставник во постојаното заедничко работно тело од Кавадарци се определи Јанинка Леова, вработена во општинската администрација во Кавадарци.
Вкупната вредност на овој проект е во висина од 100.000 американски долари, а е финансиски подржан од Програмата за развој на ОН – УНДП со 50 илјади долари. Останатата половина од парите за проектот ја обезбедуваат општините Кавадарци и Велес. За да се реализира овој проект минатата година во почетокот на декември беше склучен договор.
А.Д

Додади коментар