Продолжува поставувањето на мерни станици за СМАРТ ЗЕМЈОДЕЛСТВО во општина Кавадарци. Денеска мерни станици се поставија во селата Дреново и Раец.
Смарт земјоделство е регионален проект кој опфаќа повеќе општини. Со поставувањето на овие станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територијата на Општина Кавадарци, односно на лозово – овоштарските насади. Мерните станици ќе даваат важни информации за:
-влажност на воздухот
-сончеви денови во годината
-количество на врнежи
-степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци кои што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер со што значително ќе може да се допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите.
Со овој проект кој е од големо значење за Тиквешијата, земјоделците ќе добијат можност за квалитетна и економски исплатлива заштита на земјоделските култури, ќе се користат помалку препарати, а ефектот ќе биде многу поголем.

Додади коментар