Медицинско возило ќе дежура на автопатот кај Демир Капија
02-07-2016 РЕГИОН
И оваа летна сезона кога автопатот кон Грција е најфрекфентен и се случуваат сообраќајни незгоди, ќе се покрива со дежурно медицинско возило и екипа на итна помош со цел побрзо да се делува при несреќи на патот.
Министерството за здравство одлучи наизменично да дежураат екипи на службите за брза помош од Кавадарци, Неготино, Велес, Штип, Валандово, Гевгелија и Струмица.
Возилото со медицински тим ќе дежура деноноќно. Ќе биде лоцирано на 113 километар од Скопје, или кај бензинската станица кај Демир Капија.
А.Д

Додади коментар