МВР: Пријави групирање, журкање, прослави во викендици!
Пријави кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки, славења дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201- апелираат од МВР.
 
 
Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и меил адресата mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници.


Share

Додади коментар