МВР: Внимателно на Фејсбук, не им давајте повод на крадците!
07-07-2015 РЕГИОН

Слики и статуси на социјалната мрежа Фејсбук од плажи и места каде се одморате се најдобрата информација која можат да ја добијат крадците при изборот на новиот стан или куќа кој планираат да го ограбат. Поголемиот број граѓани воопшто не ни помислуваат на оваа опасност кога сакат да се пофалат дека пристигнале на дестинацијата која ја одбрале за летен одмор, а тоа го користат провалниците и крадците кои вешто ракуваат со социјалниата мрежа преку лажни профили и пријателства со луѓе за кои знаат дека се имотни или пак се сомневаат дека чуваат накит и пари во своите домови.

 

Од МВР велат дека статусите и сликите на Фејсбук се како отворена врата за провалниците. Од таму потврдуваат дека се повеќе кражби се случуваат во станови и куќи чии сопственици биле надвор од градот или државата и кои за тоа ги информирале своите пријатели. Како и секоја година полицијата, преку средби со граѓаните, се обидува да ги едуцира околу начините на кои може да ги заштитат своите домови од неповиканите гости.

 

Ако до пред некое време препораките на полицајците беа веќе познатите како клуч кај соседот, по некое оставено светло, подигнати ролетни, лажен сеф, сега тие ги вклучуваат и препораките да се внимава што се постира на фејсбук или пак кој се има пристап до тие слики и информации.Искуствата на полицијата покажуваат дека крадците се уште ги користат и старите техники за да проверат дали сопственикот е дома или не. Најчесто тое е директно на врата под изговор дека бараат друг човек или пак нудат нешто на продажба. Полицијата е децидна дека сега ниту блиндираните заштитни врати не можат да ги задржат провалниците бидејќи се опремени со најсовремени алати. Официјалните податоци на МВР покажуваат дека минатата година се регистрирани вкупно 13.110 кражби во станови и куќи, односно по 35 дневно.

М.М



Share

Додади коментар