Машко е првото бебе родено во Кавадарци во првиот ден од новата година
02-01-2017 РЕГИОН

Првото бебе родено во Кавадарци во новата година е на семејството Јованови од Кавадарци. Мајката Христина донесе на свет здраво машко бебе, тешко 3630 грама. со должина од 51 сантиметар.

 

Денеска во посета на гинекологија беше градоначалникот Александар Панов. Традиционално на мајката и на бебето им беше предадена награда од општината. Панов упати честитки до семејството Јованови, но  и до останатите семејства кои во првиот ден од новата година добија принова.

 

„На фамилијата Јованови им го честитам првото дете. Симболично, годината да биде силна, јака бидејќи првото дете е емашко. Раѓањето на деца значи иднина за Кавадарци и Република Македонија. Да се раѓаат што повеќе деца, да ни се зачува генот, да ни се зачува македонскиот род“- рече Панов.

 

Лекарите од гинекологија во Кавадарци вчера имале полни раце работа. Извршени се пет породувања. Дел со царски рез, а дел спонтано. Началникот на гинеколошко –акушерскиот оддел, прм. Д-р Бранко Поповски информира дека сите бебиња и мајки се во одлична состојба.

 

„ Првото бебе е родено во 08.30часот. Жената е примена после полноќ со прснат воденик. Се работи за 19 годишна родилка. Породувањето е со царски рез поради големината на плодот за карлицата на мајката. Мајката е добра, бебето е одлично. Вчерашниот ден имавме пет породувања. Вториот пораѓај е со повторен царски рез. Породено е женско бебе во 10.30 часот, тешко 2700 гр со 49 см должина. Третото поодување е треторотка во 11.20 часот. Бебето е тешко  3.400 гр со 50см должина. Четвртото породување е на  14 годишна мајка со 138 см висина, со прснат воденик. Бебето е машко. Породено е со тежина од  2300 гр. Раѓањето е извршено спонтано. Петото бебе  е породено во 18.30 часот. Се работи за женско бебе со тежина од 2750 гр. Сите се добри и бебињата и мајките“ информира д-р Поповски.

 

Во 2016 година на кавадаречкиот оддел за гинекологија и акушерство има помал број на породувања, споредено со 2015 година. Според д-р Поповски се работи за помал број бидејќи пациентките избираат да се пораѓаат и во комерцијални болници во земјава.

 

„2016 година имаме 478 породувања. Од кои 245 машки , а женски 233. 12 деца се повеќе машки од женски. Имаме три близначки породувања. Нешто специфично за нашето породилиште кое е меѓу ретките во Македонија  е тоа што го држиме евроспкиот просек на царски рез. Имаме  16 % породувања со царски рез. Тоа е процент и во европските породилишта. Што значи кај нас се породуваат нормално. За жал во многу породилишта царските резови се над 50%. Не збориме за комерцијалните болници. Имаме лесен пад на породувањата. Во 2015 имавме 513 породувања, или 35 раѓања помалку во 2016. Не се работи за реален пад. Имаме пациенти кои одат во комерцијални боплници и падот се должи токму на тоа“ рече д-р Поповски.

 

Бебињата се во одлична состојба потврди и д-р Мирјана Шемова, педијатар од детското одделение. Таа нагласи дека детското одделение е максимално исполнето до дечиња на возраст од три месеци поради компликации од грипот.

 

„Состојбата на детско одделение е вистина алармантна. Исполнет е и последниот кревет. Имаме високо фебрилни деца. Се работи за деца со мала возраст од месец дена, начесто од 3-4 месеци, фебрилни по неколку дена со респираторни инфекции. За среќа немамае гастро интестинални проблеми. На гинеколкошко акушерското одделение состојбата е добра. Сите родени бебиња вчера се во одлична состојба“ – рече д-р Шемова.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар