Се згоелмува еуфоријата по повод матурските прослави. Најубавиот момент за еден средношколец кој би требало да заврши само со убави спомени и сеќавања за добро дружење и незаборавни моменти. Но никогаш не е на одмет да се нагласи дека за да биде тоа така мора да се почитуваат и основните правила и препораките кои со години наназад им се упатуваат на матурантите во пресрет на матурските прослави, да се внимава и да се почитува законот во смисла на јавниот ред и мир и сообраќајните прекршоци. Во таа насока навреме и годинава реагира ПС од ОН Кавадарци од каде отсекот за превенција денеска достави допис и едукативни флаери до сите средни училишта во градот. Во нив јасно стои дека кавадаречката Полиција апелира до сите матуранти да ги почитуваат законските прописи, а особено да се придружуваат кон одредбите од законот за прекршоци против јавниот ред и мир и законот за безбедност на патниот сообраќај.
За секоја регистрирана ваква појава, од страна на граѓаните да се известува Полицијата потенцираат од таму во дописот, воедно честитајќи им на матурантите со надеж дека прославата ќе ја поминат безбедно и во нај добар ред.Само за потсетување Не си фер ако загинеш на матура минатата година беше мотото на кампањата во пресрет на матурските прослави што ја реализираше Полицијата и даде одлични резултати. На позитивна прослава надежните се надеваат и годинава.
М.Младенова
Додади коментар