Масовно труење на бездомни животни во Велес
02-06-2015 РЕГИОН
Изминативе неколку денови здруженијата за заштита на животните регистрирале 30-тина случаи на отруени кучиња и мачки на различни локации во градот.
Сведоци на труењето биле и деца.. Пред нивни очи умирале животните.. Ова се случувало во двор на основно училиште..
Од здружението „гласот на животните“ велат дека за масовното труење виновникот треба да го бара полицијата.. Од СВР Велес велат дека во изминатите денови имало повеќе повици за отруени животни..
Од здруженијата за заштита на животните велат дека моментално е зголемен бројот на бездомници во градот оти многумина се откажале од своите домашни миленици.
Зоран Јаневски

Додади коментар