Веќе неколку дена во Општина Велес организрано се собира хуманитарна помош за настраданото население од поплавите што деновиве ги зафатија Република Србија и Босна и Херцеговина. Волонтерите од Црвениот крст распоредени се на три собирни места во градот каде велешани имаат можност да ги донираат најпотребните продукти за поплавеното население.
Со цел за организирано дејствување и на бизнис заедницата од општината, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Општинската организација на Црвениот крст, д-р Милчо Трајков, денес одржаа заедничка работна средба. Стопанствениците од општината масовно се одзваа на поканата и ги понудија своите ресурси за помош на настраданите. Беше договорен начинот на собирање и доставување на помошта од страна на правните субјекти. За таа цел веќе е ангажиран магацински простор во Спортската сала „Гемиџии“, која ќе биде отворена секој ден во периодот од 10,00 до 19,00 часот.
Масовен одзив на бизнисмените од Велес за помош на настраданите
21-05-2014 РЕГИОН
Додади коментар