Марш за подршка на полицијата и во Кавадарци
13-05-2015 РЕГИОН
Стотици граѓани на Кавадарци синоќа пред полициската станица им одадоа почит и искажаа силна подршка за македонските херои, полицајците кои учествува во акцијата во Куманово.
На маршот подршка на бранителите дадоа и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, пратеничката Весна Пемова, советници во советот на општината и директори на институции.
Маршот започна од градскиот плоштад, а потоа присутните се упатија кон полициската станица каде актерот Диме Коцевски на еден од полицајците му го предаде знамето на Република Македонија и му пренесе силна подршка од сите граѓани и сочувство за загинатите полицајци.
А.Д

Додади коментар