Здружението на пензионерите од Кавадарци денеска беше домаќин на манифестацијата „Пензионерите пеат“ што петнаесетина години се одржува во земјава, а е одлична можност за дружење меѓу луѓето од третото доба.
Со оваа манифестација пензионерите одбележуваат јубилеј 70 години од пензионерското организирање во земјава.
„ Посебно задоволство ни е што ние сме домаќини баш на овој јубилеј. Реализираме разни активности, а една од тие активности е и манифестацијата „Пензионерите пеат“. Со неа се совпаѓа и 25 години од ржавноста на Македонија. Тоа е голем настан за нас. Ние имаме денеска гости од Прилеп, Битола и целиот Вардарски регион. Ова е маниефестација што се одржува петнаесетина година“ рече Ристо Анѓушев, претседател на извршниот одбор на Здружението на старосни пензионери.
Тој нагласи дека ваквите манифестации за пензионерите значат продолжување на животот, радост, дружење и пријателство.
A.Д
Додади коментар