Малолетник од Кавадарци сликал банкарски картички и потоа си вршел трансакции- Оштетил две лица од Кавадарци
13-02-2024 РЕГИОН

Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8948 денари.
Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари - информираат од СВР Велес.

Додади коментар