Од 20-50 отсто се движат штетите од градот врз насадите со праски во росоманско, говорат првичните проценки. Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов вели дека штетите не се големи бидејќи мала е површината која била зафатена со врнежи од град. До општината немало пријави за штети од земјоделците.
Според она што го кажуваат овоштарите најмногу штети се забележани кај насадите покрај патот Росоман-Градско, но се работи за мала површина.
„Штетите не се големи бидејќи мала е површината која што била зафатена со град. Како оштина не добивме ниедна пријава за оштетени насади, додека до осигурителната компанија имало стотина пријави. Тоа што стотина овоштари пријавиле штети до компанијата за осигурување говори дека росоманци во најголем дел го имаат осигурано своето производство“ рече градоначалникот Лазов.
A.Д
Додади коментар