Без јавна дебата не е возможно да се направи, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, околу барањето на кавадаречка компанија за инвестиција во ладна валалница во Кавадарци.
-Нашето Министерство има задача кога ќе го добие барањето за А интегрирана дозвола, да направи анализа и во една јавна расправа и широки консултации, да дојде до решението. Она што сакам да нагласам, ние ја третираме А интегрираната дозвола, за процесот и влијанието врз животната средина нормално, бидејќи се работи за А инсталација, тоа ќе треба да има стартегиска оценка за влијанието на животната средина, која што сакам да потенцирам, не се врзува со типот на земјиштето и намената, не е тоа наш ресор. Ние сме да гледаме и процениме како се еколошките стандарди и какво е влијанието на почвата, водата и воздухот, нагласи Макрадули во Демир Капија, каде што е на средба со жители, заедно со Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Макрадули додаде дека компанијата, инвеститорите и самите се заинтересирани да направат стратегиска оценка за влијанието, бидејќи и на тој начин се кредитира и се поттикнува стопанството.
-Се разбира без јавна дебата тоа не е возможно да се направи. Впрочем и денес најавивме дека идната недела за гасоводот кој поминува по сртот на Водно од јужната страна, ќе правиме повторно јавна дебата, дециден беше заменик министерот.
С.Д

Додади коментар